Правила и услови

Овој договор последен пат е изменет на 27 февруари 2021 година.

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, BAULED ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.bauled.mk 24 часа во денот.Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на BAULED, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.

Сите податоци и информации објавени на интернет страната на BAULED се од информативен карактер и за истите BAULED го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.

Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р. Северна Македонија, BAULED не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

Називот “BAULED “ е трговски знак на БАУЛЕД ДООЕЛ и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од BAULED. БАУЛЕД ДООЕЛ ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак “BAULED “.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на BAULED е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на BAULED.